• четврток, 19 март 2026

Изложба „Зимски салон 2026“

Изложба „Зимски салон 2026“

Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - „Зимски салон 2026“, изложба во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), вечер ќе биде отворена во Националната галерија, објект „Мала станица“.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам како Национален проект за 2026 година.

Концептот на изложбата и изборот на делата се курирани од словенечката ликовна критичарка со меѓународна значајна професионална биографија, како и кураторка на многу ликовни проекти Лилјана Степанчиќ.

Како што е најавено, изложбата ќе ја отвори претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како покровител. Ќе се обратат претседателката на ДЛУМ Јана Манева - Чупоска, претседателката на уметничкиот совет на ДЛУМ Маја Рауниќ Кирков, кураторката Лилјана Степанчиќ од Љубљана и програмскиот директор на НГМ „Мала станица“ Маја Крстевска. мд/паг/

Фото: Плакат 

 

Остани поврзан