• понеделник, 23 декември 2024

Изложбата „Сенките на занаетите-инсталација на светлина-сенка-звук“ на фестивалот КРИК

Изложбата „Сенките на занаетите-инсталација на светлина-сенка-звук“ на фестивалот КРИК
Скопје, 30 јуни 2022 (МИА) - Изложбата „Сенките на занаетите-инсталација на светлина-сенка-звук“ од турскиот уметник Билал Јилмаз ќе биде отворена вечер во КСП Центар - Јадро во Скопје, како дел од седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура. Кураторка на проектот е Лидија Хаѕиоану од Грција. -„Сенки на занаетите - Скопје“ е резултат на партиципативно истражување за занаетчиската култура во Скопје, реализирано за време на едномесечениот престој на Јулмаз и Хаѕиоану во рамките на КРИК, заедно со учество на локални креативци. Во контекст на нивниот проект Креативна платформа за занаети, Билал Јилмаз и Лидија Хаѕиоану имаат цел да воспостават мрежи и заедници на занаети и креативци во контекст на предизвиците кои ги носи со себе постиндустриското општество, велат од КРИК. Проектот, како што посочија, нуди алатки за воспоставување колективна архива на занаетчиската култура и активирање на креативците да размислуваат за потенцијалот на занаетчиството, притоа документирајќи и разбирајќи ги аспектите на трансформацијата на занаетчиството во современиот контекст. ки/са/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан