• четврток, 16 мај 2024

Излезе од печат новиот број на „Стожер“

Излезе од печат новиот број на „Стожер“
Скопје, 13 октомври 2022 (МИА) - Деновиве излезе од печат новиот број на Ревијата за литература, култура и уметност „Стожер“, што ја објавува Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Како што соопштија од ДПМ, во овој број, трет од оваа година, меѓу другото се објавени следните прилози - писмо до Рацин од Весна Мојсова-Чепишевска, избор современа албанска поезија во Македонија подготвен од Делвина Крлуку, став кој ги антологизира антологиите од Стефан Марковски, анкета зошто молчат писателите со одговори на Јасмина Мојсиева – Гушева, Трајче Кацаров и Никола Илијевски, преглед Македонска поетска сцена – слем поезија,  осврт за македонските и за европските теми и дилеми од Златко Крамариќ, песни од Петре Бакевски како потсетник и автограф, циклус песни од Гане Тодоровски по повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, стари фотографии, времеплов, хроника и други материјали.

Ревијата „Стожер“ е објавена како печатено и дигитално издание, а излегува четири пати годишно. Сите заинтересирани можат да ја читаат бесплатно на сајтот „dpm-pisateli.mk“.бт/са/

Остани поврзан