• понеделник, 23 декември 2024

Излезе вториот број на „Скопје култ“ - првиот скопски електронски културен магазин

Излезе вториот број на „Скопје култ“ - првиот скопски електронски културен магазин
Скопје, 1 јуни 2022 (МИА) - Излезе вториот број на „Скопје култ“, издание за јуни-јули 2022, кој бесплатно може да се преземе од социјалните мрежи на Културно-информативниот центар (КИЦ) - Скопје. - КИЦ – Скопје забрзано навлезе во сите пори на градското културно живеење. Културниот аспект веќе ги покажува своите резултати преку освежена и интензивирана годишна програма, која започна со својата реализација во Центарот. Новина во работата на Културно-информативен центар – Скопје беше и враќањето на информативниот карактер на установата што го воспоставиме преку издавање на првиот број на првиот електронски градски културен магазин, насловен „Скопје култ“, вашиот водич за сите културни случувања во градските културни установи во Скопје, потсетуваат од КИЦ. „Скопје култ“, како што додаваат, повторно носи преглед на културните настани во градот, како и авторски статии и интервјуа, за да се разбуди интересот за културата и уметноста, а културните вредности да се доближат до целата градска средина. - Ако првенчето носеше извесна доза страв и неизвесност од тоа каков ќе биде неговиот одзив, вториот број, како впрочем и секој нареден, се соочува со зголемена одговорност пред читателската публика. Засега „Скопје култ“ ни покажа дека во Скопје не недостига урбана и активна публика, напротив, недостигаат медиуми што ќе ги задоволат нејзините потреби, вели Весна Дамчевска, уредничка на „Скопје култ“. мс/лв/

Остани поврзан