Излезеноста до 13 часот во Охрид 21,65 , во Дебрца 28,8 проценти
- Изборниот процес во општините Охрид и Дебрца се одвива непречено, без какви било нерегуларности.
Охрид, 19 октомври 2025 (МИА) – Изборниот процес во општините Охрид и Дебрца се одвива непречено, без какви било нерегуларности.
Според ОИК - Охрид, на сите 87 избирачки места на кои се гласа до 13 часот своето право го оствариле 11.375 лица или 21,65 отсто од граѓаните со право на глас.
Во Дебрца на 22-те избирачки места до 13 часот излегле 1010 лица или 28,8 отсто од гласачите. аб/
Фото: МИА архива