• вторник, 26 ноември 2024

Изданијата на ИДКНА дел од богатиот фонд на Конгресната библиотека

Изданијата на ИДКНА дел од богатиот фонд на Конгресната библиотека
Скопје, 24 септември 2021 (МИА) - Да се биде дел од библиотечниот фонд на Конгресната библиотека, фигуративно кажано е како да се плива во огромен океан со книги, заради фактот дека ова е и една од најголемите библиотеки во светот, истакна Скендер Асани, директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, по состанокот со доктор Невила Пахуми, референтна библиотекарка за современ грчки и албански јазик и Мајкл Нојберт, директор на европската секција на Конгресната библиотека, каде веќе неколку години е сместен специјален каталог на книги на ИДКНА. Вклучувањето на изданијата на ИДКНА во книжниот фонд на Конгресната библиотека, според Асани, претставува една од најзначајните вредности во културата на интерконтиненталната комуникација, особено кога во оваа библиотека се вклучени истражувачки материјали од сите делови на светот, на повеќе од 450 јазици. За време на состанокот била разгледана и можноста за организирање фотографска изложба со архивски материјали на ИДКНА во просториите на Конгресната библиотека, а директорот Асани ветил дека во иднина фондот на книги, научни списанија и специјализирани публикации на ИДКНА ќе бидат достапни за Конгресната библиотека. Конгресната библиотека е најстарата федерална културна институција во САД. ар/са/

Остани поврзан