• понеделник, 06 мај 2024

Издадена монографијата „Физиолошка психологија” од Владимир Трајковски

Издадена монографијата „Физиолошка психологија” од Владимир Трајковски

Скопје, 9 октомври 2023 (МИА) - Од печат деновиве излезе монографијата на Владимир Трајковски под наслов „Физиолошка психологија”, една од првите од овој тип испечатена на македонски јазик. 

Во оваа монографија тој ја истакнува физиолошката психологија, наречена и, биолошка психологија којашто претстатвува  проучување на биологијата на однесувањето и се фокусира на нервниот систем, хормоните и генетиката. Тој  ја испитува врската помеѓу умот и телото, нервните механизми и влијанието на наследноста врз однесувањето.

-Монографијата е композициски со­ста­ве­на­ од седумнаесет пог­лав­ја­, а по секое поглавје следуваат прашања и задачи, кои ќе им помогнат на студентите подобро да го усвојат материјалот. На крајот од монографијата има богат речник на поими што треба да ги дообјаснат нејасните работи и, секако, индекс на зборови. Во­ пи­шу­ва­ње­то­ на­ монографијата бе­ше­ ко­ри­сте­на­ со­од­вет­на­ до­маш­на­ и стран­ска­ лите­ра­ту­ра­, вмет­на­ти­ се­ го­лем број сли­ки­, та­бе­ли­ и црте­жи­, со­ цел да му­ се­ овоз­мо­жи­ на­ читателот подо­бро­ у­сво­ју­ва­­ње­ на­ мате­ри­јалот, објаснува професорот Трајковски.

Тој посочува дека  оваа монографија е првенствено наменета за студентите од Институтот за психологија и за студентите од Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје, како и за студентите од  Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Исто така, таа може да биде корисна и, за многу поширока популација, како што се: дипломирани психолози, специјални едукатори и рехабилитатори, медицинари, психијатри и за родители на деца со развојни нарушувања.

Издавач на книгата е Филозофскиот факултет при УКИМ од Скопје, чии  рецензенти се: проф. д-р Кнегиња Рихтер, проф. д-р Мирко Спироски и проф. д-р Себастјан Кристочич. љм/са/

Фото: Владимир Трајковски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан