• недела, 22 декември 2024

Изградба на фекална канализација за дел од населба Илинден

Изградба на фекална канализација за дел од населба Илинден

Скопје, 26 септември 2023 (МИА) - На терен почнаа градежните работи за изгрaдба на дел од фекална канализација во населба Илинден, во месноста викана Плац, во должина од 4.200 метри, како и изградба на препумпни уреди. Ќе се зафати површина од 46 хектари, соопштија од Општина Илинден.

Градоначалникотна Општина Илинден Александар Георгиевски изврши увид во градежните актовности. Информира дека овој дел од Илинден е еден од најниските делови од населбата и досега воопшто не бил третиран за работа поради својата сложеност за изведба и проблематичноста во реализација на фекалната канализација.

- За таа цел изготвиме нова комплетна техничка документација (основен проект и негова ревизија), која го опфаќа овој дел од населбата и која по својата изведба воопшто нема да биде едноставна и лесна, бидејќи има работа и изведба на два премини под автотпатот Скопје-Куманово, четири премини под железничката пруга Скопје-Белград, како и еден премин на главниот отворен канал, кој минува низ централниот дел на општината, како и работа на подрачје со високи подземни води, изјави Георгиевски.

Средствата за реализација на проектот се обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.

- Фекалната канализација од овој дел на населба Илинден ќе се поврзе со веќе изградениот колекторски систем за фекална канализација, кој е поставен на двете страни на главниот отворен канал, кој минува низ населените места Илинден и Марино, изјави градоначалникот Георгиевски. Додаде дека во изминатите две години се изградени повеќе од 11.000 метри фекална канализација во повеќе населени места и пуштена е во употреба нова пречистелна станица во Илинден и Кадино. мд/цр

Фото: Општина Илинден 

Остани поврзан