Изгоре викендичка кај браната „Водоча“
- Синоќа во 01:15 часот, во близина на браната „Водоча“, кај Струмица, изгоре викендичка, информираа од ТППЕ Струмица.
Струмица, 12 мај 2025 (МИА) - Синоќа во 01:15 часот, во близина на браната „Водоча“, кај Струмица, изгоре викендичка, информираа од ТППЕ Струмица.
Според информацијата од струмичките пожарникари, пожарот бил пријавен од случајни минувачи и бил во поодмината разгорена фаза.
-Во гаснењето на пожарот ТППЕ Струмица учествуваше со три против пожарни возила и 6 пожарникари. Веднаш по пристигнувањето беше спречено неговото ширење, а потоа пристапено кон негово целосно ликвидирање, се наведува во информацијата.
Причинета е голема материјална штета, а причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат. рт/дма/
Фото: ТППЕ Струмица