• петок, 05 декември 2025

Изгаснат пожарот во складиштето за нафта во Сочи

Изгаснат пожарот во складиштето за нафта во Сочи

Москва, 3 август 2025 (МИА) – Службите за вонредни ситуации во Сочи, во руската Краснодарска област, го изгаснаа пожарот во складиштето за нафта во областа Адлер, кој избувна по нападот на украински дрон, соопшти градоначалникот на Сочи, Андреј Прошунин.

Тој на Телеграм напиша дека во нападот нема повредени.

По падот на украинскиот дрон, избувна пожар во резервоар со нафтени деривати со капацитет од 2.000 кубни метри во складиштето за нафта во областа Адлер во Сочи, соопшти претходно денеска регионалниот оперативен штаб. јт/

Фото: Прошунин на Телеграм

Остани поврзан