Извлечени групите за новата ракометна сезона, Вардар и Еурофарм Пелистер носители
- Во седиштето на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) попладнево со жрепка беа одредени групите за новата сезона во машката Суперлига.
Скопје, 7 јуни 2022 (МИА) – Во седиштето на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) попладнево со жрепка беа одредени групите за новата сезона во машката Суперлига.
Актуелниот шампион Вардар 1961 е во групата А, додека вицешампионот Еурофарм Пелистер е носител во групата Б.
Ракометната Суперлига во сезоната 2022/23 ќе ја сочинуваат 16 екипи поделени во две групи. Стартот е најавен за септември, а првопласираните четири екипи од секоја група ќе се пласираат во плеј-оф натпреварувањето, додека тимовите од петтото до осмото место ќе разигруваат за опстанок во плеј-аутот.
Група А: Вардар 1961, Бутел, Охрид, Прилеп, Струга, Алкалоид, Вардар Неготино, Куманово.
Група Б: Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш, Пролет, Радовиш, Голден Арт, Јуниор КВ, Скопје. ег/вј/