• сабота, 16 ноември 2024

Извидничко Поречанскиот Одред „Галеб“ слави 65 години од своето постоење

Извидничко Поречанскиот Одред „Галеб“ слави 65 години од своето постоење
Скопје 28 декември 2020 (МИА) - Извидничко Поречанскиот Одред „Галеб“ слави 65 години од своето постоење. Од одредот информираат дека, во рамките на активностите за одбележувањето на овој јубилеј, дел од активните и поранешните членови креираа видео во кое истакнаа на кој начин одредот позитивно придонел во нивниот живот. - За време на своето постоење, Извидничко Поречанскиот Одред „Галеб“, напредуваше заедно со општеството, но, секогаш во фокусот му остана неговата мисија, извидниците да создадат подобар свет, изјави Ана Костовска, началник на ИПО „Галеб“ по повод 65 годишнината на одредот. Извидничко Поречанскиот Одред „Галеб“ - Скопје е формиран во 1955 година и веќе 65 години континуирано работи на едукацијата и развојот на младите луѓе. - Ќе продолжиме да работиме посветено и во иднина, како би им овозможиле на што е можно повеќе млади луѓе да се развијат себеси и да се стекнат со потребните животни вештини, додаде Јане Илијески, претседател на ИПО „Галеб“. ар/ац/

Остани поврзан