Извештај за состојбата и условите во поправните установи во РСМ: Итно и неодложно преземање мерки од страна на МЗ за обезбедување непречен пристап до здравствена заштита на сите осудени лица
- Итно и неодложно преземање мерки од страна на Министерството за здравство за обезбедување непречен пристап до здравствена заштита на сите осудени лица, обезбедување хигиенски пакети за осуден
Скопје, 4 февруари 2021 (МИА) - Итно и неодложно преземање мерки од страна на Министерството за здравство за обезбедување непречен пристап до здравствена заштита на сите осудени лица, обезбедување хигиенски пакети за осудените лица во сите установи и подобрување на хигиената во Затворот Тетово, Затворот Битола и Затворот Куманово, а со цел спречување ширење на КОВИД-19, се дел од препораките произлезени од првиот Извештај за состојбата и условите во казнено- поправните и воспитно- поправните установи во РСМ за периодот 1 август - 1 октомври 2020.
Од Хелсиншки комитет за човекови права информираа дека Извештајот се базира на теренски посети, извршени од страна на нивни претставници и на Македонското здружение на млади правници, во сите 11 казнено-поправни установи и воспитно-поправниот дом во државата.
- Извештајот содржи детален приказ на состојбата во установите во кои се извршени посети, материјалните услови во кои осудените лица издржуваат казна затвор, хигиената во установите, контактите со надворешниот свет, пристапот до здравствена заштита, процесот на ресоцијализација, како и внатрешниот механизам за заштита, пријава и гонење на сите случаи на тортура и нечовечко постапување во установите. Воедно, дадени се и препораки за секоја казнено-поправна и воспитно-поправна установа, како и генерални препораки за надлежните институции во насока на подобрување на состојбите и условите во овие установи, посочија од Хелсиншкиот комитет.
Во Извештајот се нааведува дека во случај на ограничување на физички контакти на осудените лица со надворешниот свет, Управата за извршување на санкции треба и натаму да продолжи со изнаоѓање на алтернативни начини за контакт на осудените лица со нивните блиски.
- Обезбедување простории за самоизолација на лицата кои ќе покажат симптоми на КОВИД-19 во