Избрани најкреативните дела од амбалажен отпад на конкурсот „Trash for Art 2025“
- СООПШТЕНИЕ:

Скопје, 18 март 2025
Избраните се најдобрите уметнички дела од амбалажен отпад, пријавени на наградниот конкурс Trash for Art, во организација на Пакомак и Нула отпад. Конкурсот веќе традиционално се организира со цел да даде еден поинаков поглед на амбалажата од секојдневниот живот и да ги инспирира граѓаните да селектираат и да создадат интересни уметнички творби од пластика, хартија, лименки, стакло или композит.
И оваа година на конкурсот пристигнаа интересни и креативни дела, потврдувајќи дека амбалажниот отпад може да има и друга намена, односно да се селектира и да се искористи за создавање уметнички дела.
Сите учесници се натпреваруваат во три категории: градинки; основни училишта; поединци и други институции (средни училишта, факултети, невладини организации и други), а стручното жири ги избра најдобрите. https://www.facebook.com/Pakomak.mk/posts/pfbid08pXvPzutbVs3dV4vXJgSbx2Rwbrk8dWpeivGqJKKxQ9jbgBN6XypnwXHZXg17p2el
Категорија Градинки:
1 место- награда 30.000 денари
Папагал ,,Роки Чејс’’
Градинка ОЈУДГ ,,Младост’’ од Тетово Објект Спортски
2 место- награда 20.000 денари
,,Модерна Принцеза’’
Градинка ,,Сонце’’ во склоп на ,,Росица’’ од Скопје
Автор: Елена Ончевска Агер
Категорија Основни Училишта:
1 место- награда 30.000 денари
,,Планета Земја’’
ООУ ,,Љубен Лапе’’ од Скопје
2 место - награда 20.000 денари
,,Желка’’
ООУ ,,Војдан Чернондрински’’ од Скопје
3 место- награда 10.000 денари
,,Мече’’
ООУ ,,Јохан Х. Песталоци’’ од Скопје
Категорија Поединци и Институции:
1 место- награда 30.000 денари
,,Змеј’’
Автор: Андреј Бошески
2 место- награда 20.000 денари
,, Ѕвездена ноќ’’- Ван Гог Колаж
Автор: Лана Ајтарска
3 место- награда 5.000 денари
Лего ,,Brawl Stars- Polo'’
Автор: Димитар Јовановски
3 место- награда 5.000 денари
Лего ,,Brawl Stars-Griff"
Автор: Јован Дамјановски
Специјална категорија ,,Нула Отпад’’:
1 место- награда 30.000 денари
,,Ајфелова Кула’’
Автор: Миа Андреева, Сара Николова, Матеа Саздова и Теона Манасиева
2 место- награда 20.000 денари
,,Делфини’’
ООУ ,,Димче А Габеров’’ од Демир Капија
3 место- награда 10.000 денари
,,Кукла од Електронски Отпад’’
Автор: Наташа Илоска
Сите добитници и нивните дела можете да ги погледнете и на профилите на социјалните мрежи на Пакомак.
Пакомак и Нула отпад
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото: Пакомак и Нула отпад