• петок, 22 ноември 2024

Избрана новата Влада на Република Северна Македонија

Избрана новата Влада на Република Северна Македонија
Скопје, 16 јануари 2022 (МИА) - Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани вечерва пред полноќ во Собранието избрана е новата Влада на Република Северна Македонија која ќе ја предводи премиерот Димитар Ковачевски. Овој владин кабинет предводен од СДСМ ќе има еден член повеќе од претходниот - министер без ресор за дијаспора, место што и припадна на Алтернатива.
Ковачевски ќе има четворица заменици, Артан Груби (ДУИ) - прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Славица Грковска (СДСМ) - вицепремиер за борба против коруција и криминал, Бојан Маричиќ (СДСМ) – вицепремиер за европски прашања и Фатмир Битиќи (СДСМ) - вицепремиерот за економски прашања.
За членови на Владата се избрани: Оливер Спасовски (СДСМ) – министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска (СДСМ) – министерка за одбрана, Никола Тупанчевски (предложен од СДСМ) - министер за правда, Благој Бочварски (СДСМ) – министер за транспорт и врски, Љупчо Николовски (СДСМ) – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,  Јована Тренчевска (СДСМ) – министерка за труд и социјална политика и Бисера Костадиновска Стојчевска (СДСМ) – министерка за култура, Горан Милевски (ЛДП) - министер за локална самоуправа,  Беким Сали од Алтернатива – министер за здравство, Јетон Шаќири (ДУИ) – министер за образование и наука,  Бујар Османи (ДУИ) – министер за надворешни работи, Фатмир Бесими (ДУИ) – министер за финансии, Крешник Бектеши (ДУИ) - министер за економија, Насер Нуредини (ДУИ) - министер за животна средина, Адмирим Алити од Алтернатива, министер за информатичко општество и администрација и Џемаил Чупи од Алтернатива - министер без ресор задолжен за дијаспората. бк/сст/

Остани поврзан