• вторник, 14 април 2026

Избори во Унгарија, МИА во Будимпешта: Фон дер Лајен смета дека Унгарија се вратила на европскиот пат

Избори во Унгарија, МИА во Будимпешта: Фон дер Лајен смета дека Унгарија се вратила на европскиот пат

Будимпешта, 12 април 2026 (МИА) 

Цветин ЧИЛИМАНОВ, специјален известува за МИА од Будимпешта

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен меѓу првите му честиташе на Петар Маѓар на изборната победа во Унгарија. 

- Унгарија ја одбра Европа. А Европа секогаш ја одбираше Унгарија. Земјата се врати на европскиот пат. Унијата стана посилна. Европското срце денеска чука посилно во Унгарија, напиша Фон дер Лајен на социјалните мрежи, на унгарски.

Европската Комисија нескриено навиваше против Владата на Виктор Орбан и за смена на власта во Унгарија, за што во изминатите недели беше прозвана и од американските власти.

ЕУ ускратуваше средства што и следуваат на Унгарија и ја казни земјата со милион евра дневно поради одбивањето да прими мигранти од другите членки на ЕУ, а за возврат Орбан го блокираше упатувањето финансиски средства на ЕУ за војната во Украина. цч/паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан