• вторник, 14 април 2026

Избори во Унгарија, МИА во Будимпешта: Орбан му честиташе на Маѓар на изборната победа

Избори во Унгарија, МИА во Будимпешта: Орбан му честиташе на Маѓар на изборната победа

Будимпешта, 12 април 2026 (МИА) 

Цветин ЧИЛИМАНОВ, специјален известувач за МИА од Будимпешта

Унгарскиот премиер Виктор Орбан му честиташе на опозицискиот лидер Петар Маѓар на изборната победа. 

По пристигнувањето на првичните резултати, стана јасно дека опозициската партија Тиса има голема предност пред Фидес на Орбан. 

- Резултатите од изборите се уште се нецелосни, но се јасни и болни за нас. Граѓаните не ни ја дадоа довербата и одговорноста да владееме и затоа и честитав на победничката партија, изјави Орбан на собирот на приврзаниците на Фидес во Будимпешта.

Истовремено Петар Маѓар, лидерот на партијата Тиса, потврди дека Орбан му честиташе на победата. цч/паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан