• недела, 22 декември 2024

Изборите во Боливија поради пандемијата одложени за 6 септември

Изборите во Боливија поради пандемијата одложени за 6 септември
Ла Паз, 2 јуни 2020 (МИА) - Парламентарните избори во Боливија, одложени поради пандемијата на коронавирус, ќе бидат на 6 септември, наместо на 3 мај, како што беше планирано, рече претседателот на Врховниот изборен суд, Салвадор Ромеро. Боливија, која се наоѓа во длабока криза, има привремен претседател - сенаторката Жанин Ањез, бидејќи претседателот Ево Моралес поднесе оставка во ноември 2019 година под притисок на војската и опозицијата, која не го прифати неговото тврдење дека повторно победил на претседателските избори.
Сепак, Моралес контролира значително парламентарно мнозинство од десницата и во двата дома на Парламентот, што може да се промени на одложените избори во септември. Во Боливија, која има 11 милиони жители, досега се регистрирани над 10.000 луѓе заразени со коронавирус, од кои повеќе од 300 се починати. Економските активности продолжија на 1 јуни. паг/
 

Остани поврзан