• четврток, 09 април 2026

ИДФ: Уништена клучна петрохемиска фабрика за производство на балистички ракети

ИДФ: Уништена клучна петрохемиска фабрика за производство на балистички ракети

Тел Авив, 7 април 2026 (МИА) - Израелската армија денеска потврди дека нападнала клучна иранска петрохемиска фабрика за производство на хемиски компоненти за балистички ракети.

Иранските медиуми вчера објавија дека е погоден петрохемискиот комплекс Мервдешт во близина на Шираз.

Неколку часа претходно, израелските воздухопловни сили бомбардираа петрохемиска фабрика во Асалује.

„Со овој напад, израелските сили сега нападнаа два од најголемите петрохемиски комплекси во Иран, со што повеќе од 85 проценти од петрохемиските капацитети на Иран се нефункционални“, соопшти израелската армија на социјалната мрежа „X“.

Паралелно со нападот врз иранската петрохемиска индустрија, израелските сили нападнаа и голема локација за балистички ракети на северозападот од земјата. мс/сд/

фото: Архива

Остани поврзан