• петок, 22 ноември 2024

ИДФ уапси стотици осомничени за време на операција во Џенин на Западниот Брег

ИДФ уапси стотици осомничени за време на операција во Џенин на Западниот Брег

Рамала, 13 декември 2023 (МИА) - Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека нивната операција во бегалскиот камп Џенин, на окупираниот Западен Брег, трае повеќе од 30 часа.

ИДФ соопшти дека уапсила стотици осомничени, пребарала над 400 згради, запленила оружје и муниција и уништила „терористичка инфраструктура“, објави Би-Би-Си.

Тие изјавија дека уништиле шест лаборатории кои служеле за изработка на експлозиви, како и неколку подземни бунари во реонот на кампот.

Операцијата на израелската армија предизвика протести на тамошните Палестинци. Палестинските демонстранти запалија гуми за да ги блокираат патиштата по рациите.

Претходно денеска, палестинското Министерство за здравство објави дека 13-годишно момче стана седмата жртва за време на рации и напади со беспилотни летала во областа Џенин во изминатиот ден. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан