• вторник, 24 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ИДФ соопшти дека го освоила коридорот Мораг во Газа, Рафа отсечен од Кан Јунис 

ИДФ соопшти дека го освоила коридорот Мораг во Газа, Рафа отсечен од Кан Јунис 

Газа, 12 април 2025 (МИА) - Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека го завршиле заземањето на коридорот Мораг во јужниот дел на Појасот Газа, отсекувајќи го градот Рафа од Кан Јунис. 

Според соопштението, Рафа сега е целосно опколен од израелската армија, а инженерските единици градат пат долж коридорот, сличен на другите коридори во Газа што ИД Фги зазеде за време на војната, објави „Тајмс оф Израел“. 

Како што е соопштено, израелската армија сега ќе дејствува во областите на Рафа во кои се уште не била за да ги победи преостанатите сили на Хамас, а ИДФ пред речиси две недели издаде предупредувања за евакуација на цивилите во Рафа. 

Тампон зоната на ИДФ во јужниот дел на Газа ќе се протега од египетската граница до предградието Кан Јунис, оддалечено повеќе од пет километри, и во него ќе го вклучи целиот град Рафа. 

Тампон зоната на ИДФ на другите места на границата со Газа, исто така, е проширена од неколку стотици метри на околу два километри во повеќето области.сд/ 

фото: МИА архива

Остани поврзан