• вторник, 19 ноември 2024

ИДФ сака да мобилизира резервисти за својата воздушна одбрана

ИДФ сака да мобилизира резервисти за својата воздушна одбрана

Тел Авив, 4 април 2024 (МИА) - Израелската армија сака да мобилизира резервисти за силите за воздушна одбрана, јави ДПА.

-По проценката на ситуацијата, одлучено е да се зголеми бројот на воениот персонал и да се повикаат резервисти за воздушните одбранбени сили, соопшти израелската армија, не наведувајќи конкретни причини за преземената мерка.

Израелските медиуми објавија дека одлуката е донесена поради заканите од Техеран. По осомничениот израелски воздушен напад врз иранскиот конзулат во сирискиот главен град Дамаск, во кој загинаа неколку лица, Иран вчера ја повтори својата намера да возврати.

-Нападот „нема да остане без одговор“, предупреди иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

Двајца генерали и пет членови на Иранската револуционерна гарда беа убиени во нападот во понеделникот. Според иранските медиуми, загинале и шест сириски државјани.

Иранската револуционерна гарда (елитни ирански вооружени сили) се смета за повлијателна од иранската конвенционална армија, забележа ДПА.

Иранското Министерство за надворешни работи го обвини Израел за нападот. Американската влада, исто така, верува дека Израел го извршил нападот, но не го коментираше случајот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан