• вторник, 13 јануари 2026

Идрис: Суданската влада се врати во Картум 

Идрис: Суданската влада се врати во Картум 

Картум, 12 јануари 2026 (МИА) -  Суданската влада официјално се врати во главниот град Картум откако од април 2023 и почетокот на граѓанската војна беше сместена во Порт Судан, јави ДПА.

Враќањето е трајно, изјави денеска премиерот Камил Идрис.

Владата сака да се фокусира на подобрување на условите за живот и безбедноста на луѓето во Судан, особено во секторите за здравство и образование, рече премиерот, пренесен од германската агенција.

Потегот на владата покажува дека животот во главниот град се враќа кон нормалата, 10 месеци по протерувањето на милицијата Сили за брза поддршка (RSF) од градот.

Неколку министерства веќе три месеци работеа во Картум, потсетува ДПА.

Според ОН, крвавата борба за власт меѓу де факто претседателот Абдел Фатах ал-Бурхан и неговиот поранешен заменик Мохамед Хамдан Дагло ја предизвика најголемата хуманитарна криза во светот.

Околу 12 милиони луѓе се раселени поради конфликтот. Раселените лица сега се враќаат во Картум. Меѓутоа, војната продолжува да беснее во другите делови од земјата.

Милицијата на Дагло, РСФ, по долгата опсада кон крајот на минатата година го зазеде Ел Фашер, главниот град на Северен Дарфур, од акде сега доаѓаат бројни извештаи за злосторства. РСФ го контролира целиот регион Дарфур, а во меѓувреме борбите се префрлија главно во регионот Кордофан.

Групите за човекови права ги обвинуваат двете страни во конфликтот за сериозни злосторства. РСФ е обвинета за масакри, сексуално насилство и тортура врз цивили, потсетува ДПА.сд/јт/

фото:

Остани поврзан