• петок, 05 декември 2025

Игор Неделковски повторно избран за ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола

Игор Неделковски повторно избран за ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола

Битола, 20 мај 2025 (МИА) - Игор Неделковски повторно е избран за ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, а изборот е извршен со гласање на сите професори со право на глас вработени во УКЛО-Битола.

Од Секторот за односи со јавност на УКЛО соопштија дека изборот е извршен со претходно утврдена динамика и во транспарентна постапка, во надлежност на Универзитетската изборна комисија. 

- Актуелниот ректор беше единствен кандидат за функцијата и впишан како единствен на листата на кандидати за ректор, а изборот е извршен со тајно гласање. Според резултатите од гласањето, Универзитетската изборна комисија констатира дека над 90 отсто го остварија правото за гласање и дадоа поддршка за вториот мандат на Неделковски, велат од Секторот за односи со јавност на УКЛО.

Академската заедница на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола упати честитки по повод изборот на ректорот и изрази очекување за континуитет во реализацијата на стратешките насоки за понатамошен развој на Универзитетот, вклучувајќи ја интернационализацијата, дигиталната трансформација и унапредувањето на неговата видливост на национално и меѓународно ниво. мт/бак/


Фото: МИА

Остани поврзан