Ибрахимовиќ си подари уште едно Ферари
- Еден од најдобрите центарфори на сите времиња, Златан Ибрахимовиќ, за својот 44-ти роденден, кој го прослави во петокот, си подари нов автомобил од марката Ферари Ф80, чија цена се проценува на 3,6 милиони евра, објави шведскиот таблоид „Експресен“.
Стокхолм, 5 октомври 2025 (МИА) – Еден од најдобрите центарфори на сите времиња, Златан Ибрахимовиќ, за својот 44-ти роденден, кој го прослави во петокот, си подари нов автомобил од марката Ферари Ф80, чија цена се проценува на 3,6 милиони евра, објави шведскиот таблоид „Експресен“.
Моделот Ф80 ќе се произведува во ограничена серија од 799 примероци, има 1200 коњски сили, а забрзува од 0 до 100 км/ч за 2,15 секунди.
Фабриката за луксузни спортски автомобили од Маранело треба да почне да им го испорачува новиот модел на клиентите кон крајот на оваа година.
Ибрахимовиќ традиционално купува Ферари за својот роденден во последните неколку години, а сега има десет од нив. Во својата колекција скапи автомобили има и четири возила од марката Порше и едно Ламборџини.
Ибрахимовиќ ја заврши својата фудбалска кариера во 2023 година во Милан, каде што сега работи како советник
Во кариерата настапуваше и за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и ЛА Галакси. Постигна 558 голови, од кои 62 во дресот на шведската репрезентација што го носеше на 122 натпревари.ег
ФОТО: ЕПА