• сабота, 23 ноември 2024

ИБА ја откажа суспензијата на руските и белоруските боксери

ИБА ја откажа суспензијата на руските и белоруските боксери
Лозана, 5 октомври 2022 (МИА) - Управниот одбор на Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) одлучи да го откаже исклучувањето од натпреварувањето на боксерите од Русија и Белорусија. Организацијата смета дека треба да остане политички неутрална и независна, а исто така повика на мирно решавање на конфликтите. - ИБА цврсто верува дека политиката не треба да има никакво влијание врз спортот. Затоа, на сите спортисти треба да им се дадат еднакви услови“, се вели во соопштението на Здружението. Во март, Меѓународната боксерска асоцијација ги суспендираше Русите од учество на меѓународни натпревари поради ситуацијата во Украина. Под знамињата на своите држави ќе можат да настапат и руската и белоруската селекција, а во случај да освојат златен медал ќе се играат и националните химни. Според одлуката, во натпреварувањата ќе се вратат и техничките функционери на Русија и Белорусија. зс/

Остани поврзан