• петок, 15 ноември 2024

Зутер најбрза на супервелеслаломот во Гармиш

Зутер најбрза на супервелеслаломот во Гармиш
Гармиш-Партенкирхен, 9 февруари 2020 (МИА) – Швајцарката Корин Зутер е победничка на денешната трка од Светскиот скијачки куп во дисциплината супервелеслалом возен на патеката во Гармиш-Партенкирхен. Зутер трката ја заврши со време 1:19.46 минута, 43 стотинки побрзо од Никол Шмидхофер од Австрија и 70 стоти делови од секундата побрзо од сонародничката Венди Холденер. За Зутер ова беше втора победа во нејзината кариера. Таа води во пласманот во супервелеслалом со 300 бода. Во Генералниот пласман лидер е Микаела Шифрин (САД) со 1.225 бода, пред Федерика Брињоне (Италија) која има 1.080 бода. зс/

Остани поврзан