Зошто поранешните француски колонии се приклучуваат кон Комонвелтот
- Приклучувањето во најголемиот светски англофонски блок, веројатно е популарно меѓу многу млади лица од Того и од Габон
1 јули 2022
Би-би-си
Додека две поранешни француски колонии во Африка се приклучуваат во Комонвелтот, регионалниот аналитичар Пол Мели ја разгледува привлечноста на клубот со англиско говорно подрачје.
Габон и Того посегнаа по засилување на нивното дипломатско оружје во обид да ја намалат зависноста од Франција.
Тие се примени во тоа што првично беше формирано како клуб на поранешни британски колонии, но постојано го диверзифицира својот состав. Овие две мали франкофонски африкански нации, сега се 55. и 56. членка на Комонвелтот.
Руанда се придружи во 2009, а Мозамбик влезе во групата во 1995 година. Ниту една од овие земји немаше особени историски врски со Велика Британија.
Фактот што тие се одлучиле да му се приклучат на Комонвелтот, сугерира дека тие гледаат на организацијата како корисна мрежа на дипломатско и културно влијание, како и за вежбање „мека моќ“ на светската сцена.
Исто така сведочи и за важноста на англискиот како јазик за бизнис, наука и меѓународни политики и потребата од градење опсег на конекции за поддршка на економски развој и да бидат слушнати дипломатски пораки.
За Габон и Того, Руанда нуди охрабрувачки преседан: само 13 години по придружувањето, сега беше домаќин на Самитот на организацијата, каде беа присутни високи лица од земји и власти од сите краеви на светот, иако имаше некои значајни отсуства, вклучувајќи го претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоса.
Младинско барање
Влегувањето на Габон и Того во Комонвелтот доаѓа и во време кога врската меѓу Африка и Франција стана многу спорна.
Сè повеќе млади урбани граѓани бараат да се стави крај на валутата ЦФА франк, врзана за еврото според договор гарантиран од Владата во Париз. Контроверзно е и француското воено присуство во Сахел.
Па, приклучувањето во најголемиот светски англофонски блок, веројатно е популарно меѓу многу млади лица од Того и од Габон.
Тоа помага да се модернизира сликата на два режима што со години беа сметани како особено симболични за традиционално блиските врски меѓу лидерите во Африка и во Франција - „la françafrique“.
Имаше период кога таков развој би предизвикал вознемиреност меѓу париските креатори на политики, стравувајќи од ерозија на влијание јужно од Сахара. Но, денес француските влади на таквите трендови гледаат многу поопуштено.
Истите аргументи околу диверзификација на контакти и изградба на нови возила со меѓународна врска, исто така, го засилија постојаното проширување на франкофонската сестра на Комонвелтот, Меѓународната организација на франкофонијата (МОФ).
Всушност, има 88 земји членки и влади - вклучувајќи ја Руанда, чиј поранешен министер за надворешни работи, Луиз Мушикивабо, е нејзин генерален секретар. На нејзините регионални канцеларии за Западот и централна Африка, всушност, домаќини се Того и Габон, а таа исто така се шири.
Во март, министерката за надворешни аботи на Гана, Ширли Ајоркор Бочвеј соопшти дека нејзината земја, поранешна британска колонија, придружна членка на МОФ од 2006 година, ќе ја комплетира транзицијата до целосно членство во организацијата.
Гана, со силни демократски институции и динамична економија, ќе биде една од растечката низа земји целосни и активни членки на двете, Комонвелтот и Франкофонијата, за солидни дипломатски и практични причини.
Најголем дел од нејзините соседи во Западна Африка зборуваат француски јазик и Владата презема чекори за да ги опреми своите млади да извлечат максимум од оваа економска, културна и политичка реалност, на пример, сега има 50 двојазични училишта.
Не треба да се заборави ниту значајниот развој на малата, но сепак влијателна, Заедница на земји со португалски јазик, најголем дел од нејзините членки се африкански.
Демократско тестирање
Но, сите три групи - Заедницата на земји со португалски јазик, Франкофонијата и Комонвелтот - се соочуваат со комплицираниот предизвик како да промовираат добро владеење, демократија и човекови права - прашање што ги мачи и Африканската Унија и некои регионални блокови на континентот, на пример Економската заедница за Западноафрикански држави (Ековас).
И Комонвелтот и МОФ праќаат експерти да им помогнат на земјите членки да ги подобрат своите изборни системи, но, кога станува збор за условите за членство, тие имаат тенденција да се одлучат за инклузија и нежно охрабрување, наместо да зацртаат линија.
Того беше управуван од озогласениот брутален диктатор, претседателот Гнасингбе Ејадема од 1967 до 2005 година, а оттогаш е воден од неговиот син, Фауре Гнасингбе.
Претседателот на Габон, Али Бен Бонго Ондимба, е син на Омар Бонго, шефот на државата од 1967 до 2009 година, кој одеше со трендот кон повеќепартиска политика во 1990-те, но се погрижи да ја задржи доминацијата на неговата владејачка партија и улогата на неговото семејство во Владата. Претходно, Али Бонго беше министер за одбрана.
Во официјалното соопштение за медиуми на Комонвелтот за примањето на Тонго и Габон, беше наведено:
„Критериумите за подобност за членство во Комонвелтот, покрај другото, го сочинуваат и тоа, земјата што аплицира да покаже посветеност на демократијата и демократските процеси, вклучувајќи слободни и фер избори и репрезентативни законодавни тела“.
А сепак, претседателот на Руанда, Пол Кагаме, иако пофален за надгледувањето на несомнениот социјален и економски напредок, од активисти е обвинет дека е бескомпромисно авторитарен кога станува збор за практикување на власта. Критиките се дека опозицијата е исплашена и маргинализирана.
Кагаме тврди дека неговата Влада ги поддржува човековите права и „нема никој во Руанда кој е во затвор, а не треба да биде таму“.
Габон ќе се соочи со клучен барометар на владеење со претседателските избори наредната година. Но, за Того има прилично брз тест.
Истиот ден кога Комонвелтот го објави соопштението, властите забранија планирана демонстрација од опозициското движење ДМК (Dynamique Monseigneur Kpodzro) како протест против зголемените животни трошоци, посочувајќи лошо владеење и неправда.
ДМК го презакажа протестот за 16 јули. Ќе биде интересно да се види дали новиот статус на Того, како земја членка во Комонвелтот, ќе ја поттикне Владата да заземе поблаг став. бд/