ЗОИ 2026: Канаѓанецот Кингсбери освои злато во двојни могули слободно скијање
- Канадскиот скијач во слободен стил, Микаел Кингсбери, го освои златниот медал во акробатско скијање двојни могули на Олимписките игри 2026.
Кортина, 15 февруари 2026 (МИА) – Канадскиот скијач во слободен стил, Микаел Кингсбери, го освои златниот медал во акробатско скијање двојни могули на Олимписките игри 2026.
Јапонецот Икума Хоришима се пласираше на второто место и го освои сребрениот медал.
На победничкиот пиедестал се најде и Австралиецот Мет Греам кој го освои бронзениот медал.
Претходно на Игрите во Италија, Кингсбери освои сребро во класични могули. зс/
Фото: ЕПА