ЗОИ: Сара Хектор победничка во женскиот велеслалом
- Швеѓанката Сара Хектор го освои златниот медал во дисциплината велеслалом на Зимските олимписки игри во Пекинг. Хектор до триумфот дојде со вкупен резултат 1:55.69 минута по двете возења.

Пекинг, 7 февруари 2022 (МИА) – Швеѓанката Сара Хектор го освои златниот медал во дисциплината велеслалом на Зимските олимписки игри во Пекинг. Хектор до триумфот дојде со вкупен резултат 1:55.69 минута по двете возења.
Сребрениот медал и припадна на италијанската скијачка Федерика Брињоне која двете трки ги заврши со време 1:55.97 минута.
Мал подвиг направи Лара Гут-Бехрами која од осмата позиција по првото возење, стигна до третото место и бронзениот медал по втората трка заостанувајќи 72 стоти делови од секундата зад победничката.
По денешниот велеслалом Шведска изби на чело во поредокот на медалисти со три освоени златни медали. зс/