ЗНАМ поднесе закон со дозвола за автомобил да може да се вози и мотор, чија зафатнина не е поголема од 125 м3
- Пратеничката група на ЗНАМ со поддршка на пратениците од мнозинството поднесе предлог-закон за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, со кој се предвидува возачот што поседува возачка дозвола од Б-категорија да има право да управува мотоцикли со автоматски менувач од категоријата А1, чија зафатнина на моторот не е поголема од 125 м3 и чија сила на моторот не е поголема од 11 КW, a соодносот на јачината на моторот и масата на возилото не надминува 0,1 KW/кг.
Скопје, 31 март 2026 (МИА) - Пратеничката група на ЗНАМ со поддршка на пратениците од мнозинството поднесе предлог-закон за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, со кој се предвидува возачот што поседува возачка дозвола од Б-категорија да има право да управува мотоцикли со автоматски менувач од категоријата А1, чија зафатнина на моторот не е поголема од 125 м3 и чија сила на моторот не е поголема од 11 КW, a соодносот на јачината на моторот и масата на возилото не надминува 0,1 KW/кг.
- Со овој предлог-закон се предвидува возачот што поседува возачка дозвола од Б-категорија да има право да управува мотоцикл со автоматски менувач од категоријата А1 во согласност со ЕУ-регулативата откако ќе наполни 23 години, поседува минимум пет години возачка дозвола од категоријата Б и посетува 4-часовна теоретска обука за безбедност при управување мотоцикли во автошкола и која важи само на територијата на државата - изјави на прес-конференција пратеникот Павле Арсовски.
Содржината на обуката, формата, содржината на потврдата и начинот на водење евиденција за издадени потврди за посета на обуката ја пропишува министерот за внатрешни работи во рок од 15 дена од влегувањето во сила на овој закон. Автошколата ќе треба да ја издаде дозволата за посета на четири часа обука за сообраќајни правила и прописи и го известува МВР.
Арсовски потенцира дека овој закон има цел да мотивира и да поттикне што поголем број граѓани својот автомобил при вршењето на секојдневните обврски да го заменат со мотоцикл.
На новинарско прашање Арсовски рече дека пратеничката група на ЗНАМ е обединета и останува компактна. ев/са/
ФОТО: МИА