• сабота, 21 декември 2024

Знамето на сириската опозиција поставено на зградата на амбасадата во Москва

Знамето на сириската опозиција поставено на зградата на амбасадата во Москва

Москва, 9 декември 2024 (МИА) - Знамето на сириската опозиција е поставено на зградата на дипломатското претставништво на таа земја во Москва.

Руските медиуми претходно објавија дека од зградата на сириската амбасада во Москва се отстранети стандардното сириско знаме и таблата со името на дипломатската мисија.

Според информациите, обезбедувањето на амбасадата не е зголемено, светлата во зградата не се вклучени, а ситуацијата е мирна.

Претходно, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Русија одобрила политички азил на соборениот сириски претседател Башар ал Асад и неговото семејство и оти таа одула ја донел претседателот на Русија, Владимир Путин.

- Се разбира, таквите одлуки не можат да се носат без шефот на државата, рече Песков.

Руските медиуми синоќа објавија дека Асад пристигнал во Москва и добил азил во Русија. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан