• четврток, 19 декември 2024

ЗМАИ објави конкурс за млади квантитативни умови „Славица Тодоровска”

ЗМАИ објави конкурс за млади квантитативни умови „Славица Тодоровска”

Скопје, 2 октомври 2023 (МИА) - Здружението за истражување и анализи (ЗМАИ) објави конкурс со кој ги повикува сите млади да поднесат идеи во форма на труд за доделување на награда за млади квантитативни умови „Славица Тодоровска”, најдоцна до 15 октомври.

Во тудовите треба да бидат разработени актуелни општествени проблеми и задолжително е да има квантитативен дел и анализа.

Предлог теми кои се опфатени на повикот се: фискални стратегии за одржлив развој, нееднаквост на приходите и економски раст, вработување и динамика на пазарот на труд, економија на климатските промени, образовни и социјални политики, иднината на монетарната политикa и др.

Право на учество имаат сите државјани на Република Северна Македонија на возраст до 30 години. Вработените и членовите на извршните органи во ЗМАИ немаат право на учество на овој повик.

ЗМАИ известуваат дека доколку трудот бил претходно објавен или спонзориран од друга организација треба да се наведе соодветна референца на датум и место на објава. Еден автор има право да поднесе само еден труд, самостојно или како коавторство, а трудовите се поднесуваат на македонски или на англиски јазик. сан/лв/

 

Фото: Здружението за истражување и анализи ЗМАИ

 

 

Остани поврзан