ЗКЛМ домаќин на Европскиот регионален состанок IFATCA ERM во Скопје
- Здружението на контролори на летање на Македонија – ЗКЛМ од денеска до 17 октомври во Скопје организира Европски регионален состанок IFATCA ERM SKOPJE 2024.

Скопје, 15 октомври 2024 (МИА) - Здружението на контролори на летање на Македонија – ЗКЛМ од денеска до 17 октомври во Скопје организира Европски регионален состанок IFATCA ERM SKOPJE 2024.
- Овој собир ветува непроценлива можност за здруженијата членки да споделат сознанија, најдобри практики и експертиза во динамичната област на контрола на воздушниот сообраќај. Целта е поттикнување врски и размена меѓу индустриските експерти и професионалци од целиот свет, соопшти ЗКЛМ.
За јавноста собирот ќе биде отворен задутре, 17 октомври, за кога се најавени и обраќања на министерот и заменикот за транспорт, Александар Николоски и Калтрина Зеколи Шаќири, шефот за соработка со РСМ од Европската Унија, Штефен Худолин, и извршниот директор на Навигациските услуги од М-НАВ а.д Скопје, Хекуран Асани.
ЗКЛМ е 30 години член на Меѓународната федерација IFATCA и првпат е домаќин на оваа престижна професионална конференција. хс/цр
Фото: ЗКЛМ