„Зимска приказна“ од пладне до полноќ во Битола
- Новогодишната програма „Зимска приказна“ организирана од Општина Битола продолжува денеска од пладне до полноќ со свечен пречек на новата 2026 година.
Битола, 31 декември 2025 (МИА) - Новогодишната програма „Зимска приказна“ организирана од Општина Битола продолжува денеска од пладне до полноќ со свечен пречек на новата 2026 година.
На платото пред Офицерски дом до 14 часот ќе бидат изведени детските театарски претстави „Збркани јазици“, „Новогодишен часовник“, „Празнична магија“ и „Снежна инклузија“, а ќе има и настап на учесници од детскиот музички фестивал „Тра-ла-ла“.
На пладне музичка програма ќе има и во старата битолска чаршија, каде ќе настапат групите „Уникат бенд“ и „Нектар“, како и фолк ѕвездата Татјана Б. Стефановска.
Од Општина Битола информираат дека вечерната програма на платото од Офицерски дом ќе почне во 20 часот со настап на фолк пејачот Борче Наумовски-министерот, за публиката ќе има кабаре, а пред полноќ ќе настапат групите „Баркод бенд“ и „Нокаут“. На полноќ, пречекот на Нова година ќе се прослави без огномет, нагласија од тамошната локална самоуправа. мт/рп/
Фото: МИА