• петок, 05 декември 2025

Зимската служба на ЈП „Комуналец“ - Кавадарци е спремна за новата зимска сезона

Зимската служба на ЈП „Комуналец“ - Кавадарци е спремна за новата зимска сезона

Кавадарци, 28 октомври 2025 (МИА) - Зимската служба на Јавното претпријатие „Комуналец“ - Кавадарци е спремна за новата зимска сезона, беше кажано на денешната прес-конференција во кругот на претпријатието. 

- Денеска е извршена контрола на возилата на зимската служба при ЈП „Комуналец“ - Кавадарци од страна на раководни лица од општина Кавадарци и ЈП „Комуналец“. Притоа беше констатирано дека зимската служба е спремна без никакви проблеми да одговори на задачите што претстојат во следниот период, како во градот, така и во селата што се наоѓаат на целата територија на општина Кавадарци, беше соопштено на настанот. 

Притоа, беше посочено дека од страна на ЈП „Комуналец“ се набавени доволни количини на сол и ризла.

- Исто така, од страна на општествено - одговорната фирма „ЈАМИ“ е отстапено едно возило за зимската служба без никаков надомест, беше подвлечено на пресот. свд/бд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан