• среда, 03 јули 2024

Зимската служба на Општина Карпош го чисти снегот

Зимската служба на Општина Карпош го чисти снегот
Скопје, 14 февруари 2021 (МИА) - Зимската служба на Општина Карпош и утринава интензивно работи на расчистување на снегот во сите урбани заедници. Се користи механизација која истура сол за да го олесни движењето на граѓаните. Од локалната самоуправа информираат дека 30 работници од општинската комуналната служба работат на расчистување на снегот пред пофреквентните зони: детски градинки, основни училишта, маркети, аптеки. Посочуваат дека во текот на вчерашниот ден се истурени 60 тони сол и 10 тони емулзиона течност. - Првенствено, механизацијата истура сол по повисоките населби: Жданец, Трнодол, Бардовци, Нерези и долж улицата „Ловќенска“ (Козле).Локалната самоуправа алармира до сите граѓани да користат зимска опрема и да бидат одговорни учесници во сообраќајот, се посочува во општинското соопштение.фф/скс/

Остани поврзан