• среда, 15 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Земјотрес со јачина од 6 степени ја погоди Камчатка

Земјотрес со јачина од 6 степени ја погоди Камчатка

Москва, 15 август 2025 (МИА) – Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска на источниот брег на рускиот полуостров Камчатка, соопшти Германскиот центар за геолошки истражувања.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри.

На 30 јули, Камчатка беше погодена од земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтер, еден од најсилните во историјата, според податоците на Американскиот геолошки завод, кој го рангираше како шести најсилен земјотрес досега. Од тогаш, регионот забележа стотици последователни потреси.

Земјотресот од јули предизвика цунами што го поплави пристанишниот град Северо-Курилск, во кој живеат околу 2.000 жители. Веднаш потоа беше издадено предупредување за опасност од цунами во регионот на Тихиот Океан, вклучувајќи ги Јапонија, Еквадор, Хаваи и западниот брег на Северна Америка.

Вулканот Крашениников на Камчатка се активираше на 3 август, првпат по повеќе од 500 години, а експертите сметаат дека ова може да е поврзано со силниот земјотрес од јули. Според геолозите, ваквите сеизмички активности можат да предизвикаат долгорочни геолошки промени во регионот. ссм/

фото: архива

Остани поврзан