• недела, 22 декември 2024

Земјотрес со јачина од 4,2 степени во централна Турција

Земјотрес со јачина од 4,2 степени во централна Турција

Анкара, 10 мај 2023 (МИА) - Земјотрес со јачина од 4,2 степени е регистриран денеска во областа Коња во централна Турција, соопшти владината Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Според податоците на АФАД, земјотресот е регистриран во 2 часот и 14 минути, а епицентарот бил во градот Кулу, кој се граничи со областа Анкара. Неговата длабочина била 7,86 километри.

Земјотресот бил почувствуван и во соседните области.

Нема извештаи за штети или повредени.

Земјотресот во областа Коња загрижи многумина, бидејќи областа не е меѓу познатите сеизмички зони, објавија турските медиуми. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан