Земјотрес од 6,7 степени на островот Минданао, Филипини
- Земјотрес со магнитуда од 6,7 степени нпо Рихтеровата скала беше регистриран денеска на вториот по големина остров на Филипините, Минданао, соопшти Германскиот центар за геонауки (GFZ).
Манила, 3 август 2024 (МИА) - Земјотрес со магнитуда од 6,7 степени нпо Рихтеровата скала беше регистриран денеска на вториот по големина остров на Филипините, Минданао, соопшти Германскиот центар за геонауки (GFZ).
Потресот бил на длабочина од десет километри, прецизираа од германската служба.
Националниот центар на САД за предупредување за цунами објави дека нема опасност од цунами по земјотресот на Филипините. ссм/
фото: архива