• четврток, 12 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Земјотрес од 6,2 степени според Рихтер го погоди Истанбул

Земјотрес од 6,2 степени според Рихтер го погоди Истанбул

Анкара, 23 април 2025 (МИА) - Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска регионот на Истанбул, јавија турските медиуми, повикувајќи се на извештај на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Земјотресот се случил во 12:49 часот по локално време, откако на истата локација во 12:13 часот бил регистриран земјотрес од 3,9 степени.

Како што се наведува, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 12 километри, во Мраморното Море, западно од Босфорот.

Земјотресот предизвика паника кај локалното население во Истанбул. Многумина ги напуштија своите домови и работни места. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан