• недела, 22 декември 2024

Земјотрес од 5,8 степени во Јапонија

Земјотрес од 5,8 степени во Јапонија
Лос Анџелес, 4 август 2021 (МИА)Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер го погоди источниот брег на Јапонија. Регистрирани се и бројни помали земјотреси во Тихиот Океан, во близина на јапонскиот брег, соопшти Американскиот институт за геологија. Земјотресот бил со епицентар на длабочина од 10 километри, на растојание од околу 127 километри во правец исток-североисток од јапонскиот град Хасака, кој се наоѓа на околу 103 километри источно од Токио, пренесува Ен -Би -Си. Институтот соопшти дека во истата област кај јапонскиот брег се почувствувани и други, помали земјотреси од 4,1 до 5,1 степени. Според првичните сеизмички податоци, овој земјотрес не предизвикал значителна штета. паг/

Остани поврзан