• петок, 05 декември 2025

Земјотрес од 5 степени ја погоди југозападен Кина

Земјотрес од 5 степени ја погоди југозападен Кина

Пекинг, 5 јуни 2025 (МИА) – Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди градот Дали во југозападната покраина Јунан, потврди Кинескиот центар за земјотреси.

Земјотресот се случил во 4:13 часот наутро по локално време, на длабочина од 10 километри.

Според податоците на Кинескиот центар за земјотреси, во последните пет години се забележани 118 земјотреси со јачина од 3 или повеќе степени според Рихтеровата скала во радиус од 200 километри од епицентарот. Најсилниот меѓу нив бил со јачина од 6,4 степени, а се случил во мај 2021 година, на 68 километри од епицентарот. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан