• петок, 22 ноември 2024

Земјите од Западна Африка планираат да воведат единствена валута од 2027 година

Земјите од Западна Африка планираат да воведат единствена валута од 2027 година
Акра, 20 јуни 2021 (МИА) - Групата од петнаесет западноафрикански држави усвоија нов план за лансирање на единствената валута во 2027 година, откако претходниот план беше нарушен од пандемијата на коронавирус. Новата стратегија беше договорена од шефовите на држави на Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS), соопшти Жан-Клод Каси Бру, претседател на Комисијата ECOWAS, на прес-конференција по Самитот во Гана. Земјите се надеваат дека единствената валута ќе помогне во зајакнувањето на трговијата и економскиот раст. - Поради шокот од пандемијата, шефовите на држави одлучија да ја суспендираат имплементацијата, рече Бру. - Имаме нов план и нов договор за конвергенција што ќе го опфати периодот помеѓу 2022 и 2026 година, а „еко“ќе започне во 2027 година, рече тој, посочувајќи го името на новата валута. јт/

Остани поврзан