• среда, 25 декември 2024

Зеленски ја обвини Русија дека намерно го одложува извозот на украинското жито

Зеленски ја обвини Русија дека намерно го одложува извозот на украинското жито
Киев, 21 октомври 2022 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека „намерно“ го одложува преминувањето на бродовите со украинско жито, што е од витално значење за многу земји во Африка и Азија. - Повеќе од 150 бродови чекаат да ги исполнат договорните обврски за испорака на нашите земјоделски производи. Тоа е вештачки создаден ред на чекање, кој настана само затоа што Русија намерно го одложува минувањето на бродовите, рече Зеленски во видео-обраќањето, без да даде други детали. Во истото обраќање, Зеленски ги поздрави „добрите резултати“ на украинската армија против руските војници во регионот Херсон, на југот на земјата, каде Киев тврди дека ја вратил контролата на неколку десетици локации и дека пронашол руско оружје. Украинскиот претседател додаде дека се запленети повеќе од 30 оклопни возила и околу 1.000 противтенковски проектили. јт/

Остани поврзан