• четврток, 09 мај 2024

Зеленски призна дека контраофанзивата бавно напредува и оцени дека војната не е холивудски филм

Зеленски призна дека контраофанзивата бавно напредува и оцени дека војната не е холивудски  филм

Киев, 21 јуни 2023 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски призна дека напредувањето на украинските сили на бојното поле е „побавно од посакуваното“ на повеќе од една недела од почетокот на украинската воена офанзива за враќање на териториите окупирани од Русија, пренесе денесја Би-би-си.

-Некои веруваат дека ова е холивудски филм и го очекуваат резултатот. Не е. Влогот се животите на луѓето, рече Зеленски во интервју за Би-би-си.

Зеленски кажа дека воениот продор не е лесна задача бидејќи има 200.000 квадратни километри украинска територија и руски сили.

-Што некои луѓе и да посакуваат, вклучително и обиди за притисок врз нас, со должна почит, ние ќе напредуваме на бојното поле како ние сметаме дека е најдобро, додаде Зеленски.

Тој ја нагласи потребата Украина да добие безбедносни гаранции од НАТО, но додаде дека крајната цел е членство во Алијансата. 

Генералниот секретар на НАТО неделава јасно кажа дека засега нема планови за тоа, но ја покани Украјина на самитот на Алијансата следниот месец во Литванија, потсетува Би-би-си.

Украинскиот претседател повторно се заложи Украина да ги добие ветените американски ловци Ф-16 и рече дека верува оти пилотите би можеле да почнат со обука веќе во август, а првиот авион би можел да пристигне за шест или седум месеци. сд/

Остани поврзан