• недела, 22 декември 2024

Зеленски: Не гледам докази за повлекување на руските трупи

Зеленски: Не гледам докази за повлекување на руските трупи

Киев, 16 февруари 2022 (МИА) - Украинскиот лидер Володимир Зеленски денеска изјави дека не видел докази за повлекување на руските војници од границите на неговата земја. Тој нагласи дека Москва едноставно ротира сили.

- Гледаме мали ротации. Јас не би ги нарекол тие ротации повлекување на силите од страна на Русија. Не можеме тоа да го тврдиме, изјави Зеленски.

Тој додаде дека „не гледаат никакви промени“.

Претседателот на Украина го искористи обраќањето за „Денот на единството“ и истакна дека Украина не стравува од евентуална руска инвазија, ветувајќи дека неговата земја ќе возврати. – Ние не се плашиме од прогнози, не се плашиме од никого, од какви било непријатели. Ќе се браниме, нагласи Зеленски на настан организиран од армијата во источниот пристаништен град Мариупол. паг/

.

Остани поврзан