• вторник, 04 март 2025

Зеленски: Некој што сака преговори намерно не пука во луѓе со балистички проектили

Зеленски: Некој што сака преговори намерно не пука во луѓе со балистички проектили

Киев, 3 март 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека некој што сака преговори намерно не цели по луѓе со балистички ракети.

„Украина се бори за нормален и безбеден живот што го заслужува, за мир кој е праведен и сигурен. Ние сакаме оваа војна да заврши. Но, Русија не го сака тоа и продолжува со својот терор од воздух: во текот на изминатата недела, над 1.050 напади со беспилотни летала, околу 1.300 воздушни бомби и повеќе од 20 проектили беа лансирани над Украина за да уништат и убиваат градови денес“, рече украинскиот претседател.

Тој додаде дека е неопходно светот да биде пообединет и посилен за да се запрат руските напади.

„Зајакнување на нашата воздушна одбрана, поддршка на армијата и ефективни безбедносни гаранции кои ќе го спречат враќањето на руската агресија - на ова треба да се фокусираме. Правдата мора да надвладее. Ние веруваме во силата на единството и сигурно ќе го вратиме сигурен мир“, напиша тој.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан