Зеленски најверојатно ќе ги посети ОН
- Претседателот на Украина, Володмир Зеленски се очекува да присуствува на годишниот собир на светските лидери во Обединетите нации во Њујорк и да учествува на состанокот на Советот за безбедност на ОН за Украина, изјави денеска Ферит Хоџа, амбасадор во ОН на Албанија, која во септември претседава со Советот
Њујорк, 1 септември 2023 (МИА) – Претседателот на Украина, Володмир Зеленски се очекува да присуствува на годишниот собир на светските лидери во Обединетите нации во Њујорк и да учествува на состанокот на Советот за безбедност на ОН за Украина, изјави денеска Ферит Хоџа, амбасадор во ОН на Албанија, која во септември претседава со Советот.
Светските лидери на 18 септември ќе имаат состанокот на високо ниво на Генералното собрание на ОН.
Состанокот на Советот за безбедност за Украина треба да се одржи на 20 септември. ми/
фото: ЕПА