Зеленски ги укинува визите за странци
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски времено ги суспендира условите за влезна виза за сите странски државјани кои се подготвени да се приклучат на украинската Меѓународна одбранбена лег

Киев, 1 март 2022 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски времено ги суспендира условите за влезна виза за сите странски државјани кои се подготвени да се приклучат на украинската Меѓународна одбранбена легија и да се борат на страната на Украина против руската инвазија.
Указот на Зеленски ќе стапи во сила од денеска и ќе остане во сила се додека е прогласена вонредната состојба.
Повикот за странски доброволци доаѓа откако руските сили извршија ракетни напади во кои се убиени десетици цивили во Харков и откако Русија ги обнови нападите врз главниот град Киев. гт/